МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Хидрoуличен комбиниран уред за интервенција при сообраќајни незгоди добија кавадаречките пожарникри.

Tоа се специјални ножици кои се употребуваат претежно за технички интервенции, заради спасување на човечки животи.

Градоначалникот Александар Панов кој вчера ја посети противпожарната служба, појасни дека потребата од ножиците била неминовна, откако старите биле веќе неупотребливи.

Kомандиорт Илчо Богевски изрази благодарност за донацијата и рече дека овие ножици ќе им бидат од голема корист бидејќи се според најновата технологија

Вредноста на ножиците е 450 илјади денари. Меѓудругото најавен е почеткот на реконструкција на пожарната зграда откако не беше обезбедена промена на деталениот урбанистички план за изградба на нова противпожарна станица.