Дополнителни субвенцииза произведено, продадено и откупено грозје во домашните регистрирани винарски визби ќе добијат лозарите, ова го најави министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Љупчо Николовски кој денеска го посети Кавадарци во рамки на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“.

Николовски рече дека со мерката ќе бидат опфатени сите земјоделски стопанства кои до 15 септември ќе пријават површини за субвенции за лозја и кои произведеното грозје ќе го продадат во домашните регистрирани винарски визби.

Министерот Николовски на лозарите им порача дека грозјето од годинешната реколта ќе биде целосно откупено од винарските визби, а исплатата ќе се реализира според законските одредби. Тој соопшти дека заклучно со 5-ти овој месец откупени се околу 16 милиони килограми грозје од кои најголемиот дел се од сортите вранец и смедеревка.

Досега за одржување на површини со лозови насади по програмата за 2016 година исплатени се 8,7 милиони евра, а за вкупно 13 винарски визби по основ на откупено грозје се испалтиле субвенции во износ од 650 илјади евра, информираше Николовски. Кавадарци е најголемиот лозаро- вински регион во земјава каде што прозиводството на грозје и вино има длабоки корени и богата традиција. Околу 5.000 семејстав егзистираат од оваа гранка. Ова би требало да биде доволен мотив, новата Влада да работи на долгорочни стратегии за развој на лозарството.