МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Прес конференција на Виолета Димитрова-носител на советничката листа на СДСМ во Кавадарци

„Денеска имавме една симболична хуманитарна акција.

Ние како социјалдемократи цврсто веруваме и се залагаме за вредностите на солидарност и помагање на сиромашните и немоќните.

Токму овие вредности ќе бидат темелот и на новата локална власт и на нас како идни советници во Советот на Општина Кавадарци.

Во нашата програма имаме повеќе проекти кои се наменети токму за посиромашните и социјално загрозените семејства.

Како прво, со помош на Владата ќе изградиме станови за млади брачни парови, за социјално загрозени семејства, како и за самохрани родители.

Знаеме дека голем број на млади брачни парови немаат доволно парични средства за да можат самостојно да си обезбедат сопствен дом.

Покрај нив во општина Кавадарци голем е бројот и на социјално загрозените семејства кои не можат да си обезбедат дом за своите семејства. Токму поради ова сметаме дека општината треба да им помогне на овие семејства и да им обезбеди дом каде би можеле да создаваат сопствени семејства.

Исто така, имаме предвидено стипендирање од општината на талентирани ученици и студенти кои немаат финансии да го продолжат школувањето.

Заедно со Владата ќе воведеме и низа други мерки и програми со кои ќе го поттикнуваме вработувањето на лицата од социјално загрозените семејства.

Нашата цел е да создадеме една солидарна општина. Општина која се грижи за сите граѓани подеднакво!„ се вели меѓу другото во изјавата на пресот, на ,носителката на советничката листа на СДСМ Виолета Димитрова.