МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-Проектот заслужува респект и пофалба.Зад него стои Општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво на Кавадарци

Саемот за вонучилишни активности е во организација на Општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци а се одржува денеска на градскиот плоштад во Кавадарци во времето од 10-13 часот. На саемот учествуваат над 20 спортски клубови, НВО, музички и други школи, народна техника, градска библиотека и други организации каде младите можат да го поминат своето слободно време и да останат настрана од сите пороци.Пораката која се упатува е повеке од корисна за денешната млада генерација и нуди можност за активно користење на слободното време во спортски,интелектуални обврски,во секој случај добри за развојот на една млада личност.