МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Дрекслмајер –Кавадраци денеска организира Отворен ден за сите домашни компании со различни регистрирани дејности, кои се заинтересирани за потенцијална соработка со Дрексмајер Македонија.

Компанијата Дрексмајер- денеска во кругот на фабриката во Кавадарци организира Отворен ден за компаниите кои веќе имаат соработка а истовремено и за такви правни субјекти кои изразија подготвеност за деловни односи со ова компанија . Како да се оствари првичен контакт со компанијата, каков е процесот на набавки и кои критериуми и услови треба да ги исполните за деловна соработка со Дрекслмајер? Одговорите на овие прашања можеа од прав рака да се добијат на „Отворениот ден за компаниите“ од одговорните лица во компанијата, како и од : Лукас Мирингер- ген.директор на Дрекслмајер и Мајк Штајнмец- директор на Одделот за несериски набавки.