МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Според ОИК-излегле 12,26 % , а до 12 на места неофицијално гласале окoлу 30 насто од запишаните граѓани со право на глас.

Во Општина Кавадарци до пладне процентот на излезноста на гласачите според наши сознание добиени од поодлени избирачки места e меѓу 25 и 30 насто.Неофицијалните податоци за текот на гласањето до 12 часот говорат дека нема нарушувања на изборниот процес.Истиот се одвива во фер и демократска атмосфера на сите 60 гласачки места .Според Зоран Костов претседател на ОИК Кавадарци до 10 часот во Општината на изборите своето право на глас го искористиле 12,56 %.

Во Општина Кавадарци на Локалните избори 2017 година право на глас имаат 32.671 граѓанин.Тие правото на глас ке можат да го остварат на 60 избирачки места.

Гласањето денеска започна во седум часот и ќе трае до 19 часот. Вчера-сабота, ден пред изборите, гласаа болни и изнемоштени лица, затворениците и лицата во притвор.Во Кавадарци ОИК за вакво гласање беа запишани 82 граѓани.

Инаку на своите гласачки места денеска гласа и кандидатите за градоначалници на Кавадарци.

Екипа на rtk.mk денеска посети 10-тина избирачки места во Општината и според нашиот впечаток граѓаните гласаат во демократска атмосфера, без видливи притисоци околу местата каде се гласа.Сите избирачки комисии си ја познаваат работата,и ги упатуваат граѓаните на правилата и обврските околу самиот чин на остварување на гласачкото право.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври.Изборитe на 15 октомври се шести локални избори во Република Македонија.