МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-Скринингот е спроведен кај децата од Детската градинка „Гроздоберче„

На 19-ти октомври, ЛИОНС КЛУБ ТИКВЕШ КАВАДАРЦИ заедно со тимот на Проектот на УСАИД и ЛЦИФ заедно со д-р Софија Јаневска спроведоа хуманитарен скрининг, откривање на рани пречки на видот кај децата во предшколска возраст, во градинката “Гроздоберче„ каде беа спроведени 105 очни прегледи за деца од 3-6 годишна возраст, од кои 20 % беа упатени за понатамошен очен преглед за навремена превенција.

002222111444.jpg.jpg

Воедно Марјан Ѓорѓиев-претседателот на Лионс Клубот„Тиквеш„ од Кавадарци не информира дека наредниот период тие планираат да се фокусираат да опфатат и други деца од детските градинки со цел навремена превенција на видот кај нашите најмлади граѓани