МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-Новата Локална самоупрaва го подготува стартот на „Мој општинар„

Според информација од Локалната самоуправа ангажирани се вработените од ЈП Комуналец на миење на сите улици , расчистување на сите диви депонии во градот и приградските населби.Сметот се расчистува и околу кејот на реката „Луда Мара„.На потегот од мостот на„Слога„ кон Ваташа (кај ромското маало)заради сложеноста на работите се употребува и тешка механизација на чистење на коритото на реката, кое не е „чепнаото“ многу години.

Ова голема активност беше најавено во педизборието од новиот градоначалник.Допрва треба да ги очекуваме посериозните комунални проекти, од кои првиот „Мој општинар„ веке се „крчка“ и дознаваме е во фаза на стартување.Службите веќе работат на реализација на замислата на градоначалникот Митко Јанчев за овој, во Македонија, уникатен комунален проект кој има за цел, изворно запознавање и решавање на основните комунални потреби на граѓаните..

Инаку од ЈП Комуналц пак сме известени дека на 32 локации во градот, на сите централни и фрекфентни улици се поставени метални канти за пепел, чија цел е да се истура пепел од цврсти горива во нив,да се заштитат од уништување класичните контејнери каде е забрането депонирање на пепел.

.