МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На вработените во кавадаречкиот металуршки комбинат „Фени“ им беше исплатена платата за месец ноември, со што им останува неподмирена уште една плата, којашто е влезена во стечајна маса.

Вчера, стечајниот управник на „Фени“, Мирослав Анастасиевски, информира дека доверителите подносители на пријавата за стечај ги депонирале потребните средства на сметката на фабриката.

Анастасиевски најави подготовки за исплата на заостанатите плати и посочи дека вработените ќе примат плата и ќе потпишат договори за вработување, без прекин на стажот, а континуитетот ќе биде запазен, со што во целост ќе бидат заштитени нивните права.

Стечајната постапка за „Фени“ судот во Велес ја отвори пред една недела. Стечајот, според најавите на банките кредитори што го иницираа, за фабриката ќе значи реструктуирање и наоѓање нов инвеститор.

извор „Макфекс„