МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Македонија последниве 12 часа е една од ретките европски држави обележана со црвена боја, која означува многу големо аерозагадување, според податоците од Европскиот индекс за квалитетот на воздухот.

Тетово и Скопје се двете точки кои регистрираат најголемо загадување со ПМ-10 честички.

Во Кавадарци се измерени над 180 мигрограми на метар кубен - ниво на суспендирани ПМ 10 честички во воздухот. Ова е неколу пати повисоко ниво од максимално дозволените 50 мигрограми на метар кубен. Ова се податоци од мерната станица на Министерството за животна средина и просторно планирање во Кавадарци .Инаку овој период граѓаните на градот дишат загаден воздух. Изворите на загадување се индустријата, дизел машини,автомовили, термоелектрани, прав разнесуван од ветер, печки на дрва / јаглен, согорување.