МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Акадмијата на едно место ги собра поранешните ракометари и спортски работници на Кавадарци.Ракометот е колективна спортска игра која има иднина во Кавадарци

Ракометот кај нас има голема традиција .Започна да се играа на почетокот на 50 –тите години на минатиот век, а 60 , 70,и 80-те години имаше зенит во развојот на овој спорт. Многу генерации квалитетни ракометари играа во Тиквеш,или во други клубови во Македонија и поранешна Југославија. Тоа беше голема спортска еуфорија.Ракометот имаше респект како спортска игра во Кавадарци.Оваа генерација спортски работници и ракометари успејаа да го оттргнат од заборав златното време и да и дадат на ракометната игра нов ветар за да го добие во Македонија заслуженото место. Свечената академија која ја организираше сегашната Управа на ГРК „Тиквеш 2014“успеа во тоа (Зоран Јосифовски , Димитар Влаиков, Добре Ставров и нивните соработници -големи ентузијасти ) не потсетатија на почетоците на ракометот кај нас но се заложија за „новотро време „ на ова игра.

Академијата се одржи денеска во Големата сала на Домот на културата.Се обратија Зоран Јосифовски-актуелен член на Управата на ГРК„Тиквеш 2014„ , и Добре Ставров- основач и најголем спортски работник во ракометот кај нас .Во културниот дел на програмата настапи Триото „Ад Либитум“.Организаторите се погрижија да напорават мошне импресивна изложба на фотографии од досегашни настапи на РК „Тиквеш„ на домнашни и средби во гости.

Инаку Свечената академија ја следеа голем број поранешни и актуелни ракометари и спортски работници во Кавадарци.

РТК деновиве ке објави целосна снимка од Академијата , како и скратен извештај од овој настан.