МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ДЕФИЦИТАРНИТЕ ЗАНИМАЊА ПРЕДИЗВИК ЗА МАТУРАНТИТЕ-НО И СИГУРНА ИДНИНА

Советот на млади на Кавадарци направи вистинска работа во вистинско време.Организира промоција на можностите на факултети и компании со цел полесен избор за натамошно школување на матурантите кои деновиве треба да се запишат на некој од факултетите во државата.

На средбата во Галеријата на Домот наа Културата пред идните академски граѓани своите програми за школување и можности за работа и пракса ги презентираа професор Кирил Барбареев од Универзитетот„Гоце Делчев “ , претставник од ФИНКИ, потоа Блашко Борисов директор на Центарот за вработување Кавадарци, и Љупчо Сапунџиев-од компанијата Инел-Интернационал.

Борисов, акцентира дека во Кавадарци дефицитарни се профилите на кадри од градежен , електро,електро-технички факултети,архитектура, потоа се бараат дефектолози и други занимања.Како Агенција за вработување, мерките за практика ги овозможува и за матурантите-идни студенти .Професор Барбареев пак говореше за светските искуства во ова област, посебно за сообразеноста на високото образование и економијата во повеке земји од Западна Европа но и во Америка и Јапонија.Таму однапред се знае кои профили на кадри ги бара стопанството.Универзитетот „Гоце Делчев„ и годинава ги отвара вратите за сите заинтерирани посебно имаат обзир спрема дефицитарните занимања каде се овозможуваат поволни услови за запишување.Тој ги спомена позитивните искуства од соработката со Шпаркасе –банка, Дрекслермајер и други компании кои имаат одлична соработка со Универзитетот.

Capture.PNG

Претставникоот на Факултетот за информатичка наука и компјутерско инжинерство (ФИНКИ)пак говореше за условите и можностите за студирање на овој факултет на кој годинава има 930 слободни места.

Од друг агол но поврзан со школувањето на високобразобните институции, претставникот на компанијата Инел -Интернационал Љупчо Сапунџиев ја нагласи перманентната отвореност на фирмата за обавување пракса за идните инжинери и стручњаци во информатиката и другите свери. Над 30 студенти досега успешно ја завршиле својата пракса во Инел. Компанијата и понатаму останува отворена за соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ и други Универзитети особено во областа која е основа на дејноста-телекомуникациите.Овде последните 10-тина години е настаната вистинска револуција во напредокот и на технологијата и користењето на ресурсите кои досега биле непознати за најголем дел од граѓаните .