МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Градоначалникот ке дочека 100 деца-бадникари во Општинската зграда

Од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев РТК.МК е информиран за одбележување на Бадник на јавна свеченост од страна на првиот човек на градот.Се работи за навина во практикувањето на обичајот со младите бадникари кои утре треба околу 10 часот и 30 минути да пристигнат пред зградата на Општина Кавадарци. Бадниковата поворка тргнува од црквата „Света Петка“, околу 100 деца ќе биде пречекана од градоначалникот .

По повод Христовото раѓање Божиќ на 8 јануари-понеделник со почеток во 18 часот ќе се одржи традиционалниот Божиќен концерт во Домот на културата “Иван Мазов Климе“.