МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ВЧЕРА ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ПОЧУВСТВУВА СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС - ОСОБЕНО СИЛЕН БЕШЕ ВО СКОПСКОТО ЕПИЦЕНТРАЛНО ПОДРАЧЈЕ.ТРЕСЕЊЕТО НА ЗЕМЈАТА ГО ПОЧУВСТВУВАА И КАВАДАРЧАНИ И ДРУГИТЕ ЖИТЕЛИ НА ТИКВЕШИЈАТА.

Вчера во Македонија, особено во Скопското епицентрално подрачје се случија неколку потреси од кои утринскиот во 6 и 58 до јачина од 3,9 според а вториот земјотресот во Скопје во 15:10 часот бил со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала. Сеизмолозите не можат да предвидат дали ќе следуваат други потреси. Според сеизмолошкиот кодекс, не смеат да се даваат краткорочни прогнози и какви било предупредувања за земјотреси бидејќи на тој начин се создава голема паника кај населението.Вториот потрес е почуствуван и во Кавадарци и околината.

„Не можеме да знаеме каков би бил следниот удар. Повеќе од сигурно е дека ќе има афтершокови. Да се надеваме дека ова беше главниот удар, вели Михаил Гаревски, директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија за ТВ НОВА.

– Ако е ова главниот удар, можеби ќе има афтершокови. После магнитуда од 5,3 степени може да дојде до уште некои тресења. Од магнитуда 5,3 до 3,9 има огромна разлика, скалата не е линеарна – рече Гаревски.

Инаку според медоумите досега четириесетина лица побарале помош во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, а уште толку во градската болница „8 Септември“.најчесто се повредиле при бегање од своите домови, а неколкумина се со скршеници. Во болницата „Наум Охридски“ се задржани на лекување тројца пациенти, меѓу кои и една жена која паднала од тераса од прв кат, при што се здобила со скршеници на нозете. Во болницата „8 Септември“ нема задржани пациенти со повреди од денешните земјотреси.Стравот ,особено во Скопје, од нови потреси и понатаму е присутен.

Управувачкиот комитет за справување со кризи ги задолжил сите институции да бидат во состојба на зголемена оперативност, зголемана мобилност со засилување во кадар, засилување на кадар кој што се наоѓа во институциите , засилување на кадар кој што е потребен,евентуално да биде на готовност и да биде повикан за справување со сите овие предизвици и тука првенствено се мисли на АРМ, МВР и силите кои што се во состав на ДЗС и ЦУК. Бројно е засилена медицинската екипа во сите центри во градот.

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕС

Единствена и најсигурна заштита од земјотреси, велат сеизмолозите, е добрата градба со одреден асеизмички дизајн во однос на изложеноста на подрачјето на ризик од потреси.

При земјотрес граѓанинот треба да се спушти на под, евентуално да се покрие, да клекне под маса или наспроти внатрешен ѕид, но не кај врата, с` додека не престане тресењето. Откако ќе запре тресењето, треба да се провери состојбата и останатите присутни во просторијата и да се пристапи кон најблискиот излез или алтернативен излез, доколку постои. Треба да се евакуираат сите лица од објектот (станбена или деловна зграда), меѓутоа мирно, колку може потивко, во ред, во колона, а сепак да биде брзо. Евакуацијата не смее да се врши со лифт.

Ова се генералните совети, но Даг Коп koj е член на Американскиот интернационален тим за спасување, светски познат тим кој се справува со природни катастрофи и нуди совети како да преживеете во случај на земјотрес, а ги пренесува „Курир“.Едноставно речено, кога куќа или зграда се руши поради земјотрес, тежината на урнатините паѓа врз масата или рамките од вратата и ќе го смачка оној кој се крие под нив.

ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ КОИ МОЖАТ ДА ВИ ГО СПАСАТ ЖИВОТОТ

„Триаголникот“ на животот значително ќе ви помогне да спасите жива глава за време на ваква катастрофа, како што е прикажано на следните фотографии.

1. Никогаш немојте да се криете под маса или слични предмети.

2. Легнете покрај некој голем предмет како што е тросед, спална, автомобил, плака. Свиткајте се во фетална положба.

3. Доколку имате можности, вашето живеалиште изградете го од дрвена конструкција. Дрвото е лесно свитливо и сосема различно реагира на земјотрес за разлика од куќи и згради направени од цигли.

4. Ако сте во кревет за време на земјотрес, симнете се од него и легнете покрај креветот.

5. Доколку земјотресот се случи додека сте во зграда и немате шанси брзо да излезете од неа, легнете во фетална положба покрај големо парче мебел.

6. Никогаш немојте да се криете под скали. Тие се навистина опасно место за време на земјотрес.

7. Надворешните потпорни ѕидови на куќите се најбезбедно место за криење. Доколку имате шанса, кријте се таму.

8. Доколку сте во автомобил, веднаш излезете од него и легнете веднаш до автомобилот, повторно во фетална положба.

9. Доколку се наоѓате во библиотека или некое друго место каде има купови хартија, сокријте се до полиците со книги. Хартијата не се витка или крши, па имате големи шанси да си го спасите животот.

10. Едно од најнебезбедните места за криење за време на земјотрес е рамката од вратата. Никогаш немојте таму да барате спас, иако тврдењата велат дека таму е безбедно.

Експертот вели дека овие совети помагаат за значително да си ги зголемите шансите за преживување.