МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Бадниковото дефиле во Кавадарци го најави доаѓањето на Божиќ

За прв пат во Кавадарци низ централните улици во градот поминаа околу 150 бадникарчиња-деца од нашиот град, и ја пееја песната „Вечниот Бог“.Тие тргнаа од новата црква „Света Преподобна Параскева Петка“ движејќи се по улиците и измамија многу погледи и радосни лица на случајните минувачи.На Градскиот плоштад го дочека градоначалникот Митко Јанчев, кој им подари новогодишни пакетчиња.Со децата во бадниковото дефиле се движеа свештениците Трајче Гроздановски и Воислав Георгиевски, заедно со православни верници.

Ова за прв пат се случува кај нас, но ни се чини , има голема, далеку похристијанска порака отколку другите обичаи. И добро е да стане вообичаена практика во иднина, што го потврдија и градоначалникот и свештениците на МПЦ.