МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кандидатот на СДСМ и коалицијата и носител на листата во изборна единица 4, Венко Филипче вчера во Кавадарци присуствуваше на отворање на нов изборен штаб. Филипче пред граѓаните потсети на вложувањата во здравството, земјоделието и покачувањето на платите кои владата на СДСМ ги направи во изминатиот мандат. Тој истакна дека СДСМ во следните четри години има предвидено уште повеќе средства за поддршка и развој на тиквешкиот регион и земјоделието, а платите во сите сектори ќе продолжат да растат.„Платите ќе продолжат да растат, тоа е одлика на владата предводена од СДСМ, секогаш да вложува во приходите на граѓаните. Платите на општите лекари до крајот на мандатот ќе бида од 120.000 до 140.000 денари, а на на медицинските сестри од 60.000 до 90.000 денари. Ќе продолжат да растат и платите на специјалистите. Со овој модел на европски плати ќе ги задржиме здравствените работици дома и ќе ги подобриме услугите.Тој истакна дека во изминатите 4 години се направени големи вложувања во болницата во Кавадарци но и во Прилеп каде е донесена магнетна резонанца, а жителите од овој крај веќе не мора да патуваат до Скопје за здравствени услуги.Филипче се осврна и на приходите и проектите во земјоделството и најави рекордни 1,3 милијарди евра финансиска поддршка за македонското земјоделство.„СДСМ ќе продолжи да вложува силно во земјоделието. Планирани се рекордни 1,3 милијарди евра финансиска поддршка за македонското земјоделство. Планирано е зголемување за 100% на поддршката за млади земјоделци во првите 5 години. Со ова значително ќе се зајакна земјоделците и нивниот животен стандард. Зелената нафта, успешен проект кој за прв пат го имплементираше СДСМ ќе се надгради и во следниот мандат ќе обезбедиме 100% покривање на трошоците за гориво за земјоделска механизација“ - истакна Филипче.

Филипче во Кавадарци на отворање на нов изборен штаб (2) image Филипче во Кавадарци на отворање на нов изборен штаб (3) Филипче во Кавадарци на отворање на нов изборен штаб (4)