МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Традиционална ликовна изложба на Дојчинов-кој го слика,грозјето,виното,печењето ракија,мотивите од Тиквешијата

Лазар Дојчинов и годинава тематски со 50-свои слики се определува на јавноста во Кавадарци да и се претстави со мотиви од родниот крај.Останувајќи доследен на Свети Трифун, тој на своите дела го забележува тоа што го чувствува и гледа;лозјата,мотивите од Моклиште,печењето на ракија, светецот Свети Трифунм, гроздоберачките,и други мотиви поврзани со Тиквешијата.

На отварањето на изложбата новинарот Мирјана Мукаетова ја нагласи определбата на Дојчинов преку сликањето на нему својствените теми од овој крај многу успешно да ги спојува традицијата и уметноста со вештина и сезибиlност специфичнi за овој наш кавадаречки ликовен уметник.

Дојчинов од своја страна им се заблагодари на сите кои ја помогнаа ова изложба која се одржа во Музеј Галеријата во Кавадарци, а пред многубројните љубители на уметноста со музичка точка настапија млади музичари од оркестарот на народни инструменти од Школата на Горан Јанев.