МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Празникот на лозарите беше прилика на едно место да се организира ликовна изложба,дегистација на вина и сценски настап на познат уметник

Во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци беше отворена заедничка изложба на ликовните уметници Валентина Илијевска и Петра Јовановска насловена како “Во светот на кругот и квадратот“. Илијевска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности - оддел графика и графички техники во класата на проф. Мирко Вујисиќ со насока на конзервација и реставрација со проф. Невенка Величковска и Момчило Трајковски. 2012-2014 Магистер по конзервација и реставрација на ѕидно сликарство. Жувее и работи во Куманово. Петра Јовановска: родена 1972 год. во Јесеник, Р. Чешка. 1990 – 1995 Ф.Л.У.- Скопје, отсек графика, 1986 – 1990 Гимназија Јесеник, Чешка.Живее и работи во Скопје.

Изложбата и присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев а со неколку збора на присутните им се обрати и Владимир Темков како и двете авторки на изложбата .Потоа сите присутни ,советници,партиски активисти на политичкото миље на градот,директори, бизисмени,носители на јавни фунции,културни активисти можеа да ги вкусат вината на ВВ„Тиквеш„ која приреди дегустација-во чест на празникот на лозарите како увертира пред премиерата на стендап комедијата на познатиот актер Сашко Коцевски кој настапи во салата на Домот на Културата.