МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Швајцарската компанија ГСОЛ, закупец на комбинатот за никел Фени индустри денес повторно во јaвноста излезе со соопштение во кое стои дека, е подготвен да покрие 2 милиони евра од вкупните побарувања на транспортерите кон Нова Логистика и веднаш да ги ангажира за тековните транспортни потреби на фабриката.

Останатите 1.1 милион евра,како што информираат од таму, ќе се исплатат во рок од 12 месеци по завршување на стечајната постапка. Што се однесува пак за цените на превозот, истите ќе бидат согласно стандардните на релација Кавадарци-Солун, што ги плаќаат кавадаречките фирми, а роковите на плаќање на 15 дена,соопштија од ГСОЛ. Еуроникел ги повика сите заинтересирани кавадаречки транспортери, да ги контактираат, за да се потпише ваквата спогодба а нивна цел е,како што велат од таму,да излезат во пресрет на незавидната финансиска состојба на кавадаречките Транспортери-Кипери, долгорочни деловни релации и сигурни се дека од ваквиот предлог ќе произлезе и решение за надминување на проблемите,велат од таму. На ваквиот став на ГСОЛ,веднаш со реакција излегоа и од кавадаречкото здружение на транспортери Кипер, од таму велат дека ваквиот предлог нема во никој случај да го прифатат,бараат да им се исплати долгот во целост до последен денар со краен рок до среда,штрајкот денес е во мирување а доколку не добијат позитивен одговор ,во четврток повторно излегуваат на блокади. Велат дека нема да отстапат од предвидените чекори,блокирање патишта, влез во фабриката, а не ја исклучуваат можноста да ја блокираат и железничката пруга за да се оневозможи дотур на руда потребна за производниот процес.Инаку,минатата недела ,ГСОЛ до Нова логистика како и до транспортерите достави предлог со кој понудија да им исплатат 70% од побарувањата на транспортерите од фирмата должник, Нова Логистик. Од таму велат дека ваквиот предлог повеќе не бил во опција зашто во меѓувреме било утврдено дека предметната опрема не била во нивна сопственост, како и фактот дека за оваа фирма било покренато барање за стечај.Инвеститорот со договор за преработка на никелова руда, Еуроникел Дооел Скопје (претставништво на ГСОЛ),потенцираат, сакал да стори се во интерес на Транспортерите-Кипери, на производниот процес на ФЕНИ Индустри АД-во стечај како и на вработените кои се во незавидна ситуација.