МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Фан Клубот, Пења Мадриста Македонија најавува забава и дружење во гостилница "Старо Маало"

На 6ти Март ( Вторник ) под покровителство на Пења Мадридиста Македонија а во режија на членовите од Кавадарци се организира заедничко гледање на реванш натпреварот од 8мина финалето на натпреварот ПСЖ vs Реал Мадрид!

Лoкација: гостилница СтароМаало, специјално за настанот од страна на членовите од Кавадарци на Пења Мадридиста Македонија обезбеден е комплетно нов современ FULL HD голем видео бим на кој ке се следи натпреварот.Од гостилница Старо Маало обезбедени се промотивни пакет цени на храна и пијалоци. Воедно како загревање пред натпреварот организиран е мини турнир во PES 2018 на PlayStation 4 PRO.Најавено е присуство на членови на Пења Мадридиста Македонија од скоро сите градови на Македонија ( Велес, Скопје, Куманово, Тетово, Штип ... ) па поради големиот интерес препорачливо е да се резервира своето присуство, поготово резервации за учество на турнирот каде местата за учесници се скоро потполнети.Информации за настанот и резервации може да се направат на FB групата на Пења Мадридиста Македонија. Почеток на натпреварот е од 20:45мин додека настанот заедно со мини турнирот започнува од 17:00часот.

За повеќе информации посетете го линкот : https://www.facebook.com/events/198262244259322/