МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Росоман која важи за една од помалите рурални општини во земјава,со над 4.000 жители,конечно после 22 години од нејзиното постоење доби градежен инженер.

Градоначалникот Бранко Јанев вели дека апсурдно е што досега со систематизацијата не било предвидено вакво место кое е и те како потребно за една општина.Според Јанев,засега ангажманот е преку Агенцијата за привремени вработувања кои сега се еден вид на посредник на пазарот на труд.

- Откако постои општина Росоман нема таков кадар,со градежен инженер ниту пак архитект,па за да можеме полесно да ги решаваме овие проблеми одлучивме да ангажираме градежен инженер.Според систематизацијата всушност и нема предвидено градежен инженер дополнително преку Агенцијата вака ќе го ангажираме додека создаддеме услови а потоа преку промена на систематизацијата истиот ќе го трансформираме,смета Јанев.

Јанев информира дека во моментов,со пари од општинската каса се работи на адаптација на соодветен простор во зградата на Општината,каде во иднина жителите ќе можат дополнително да се информираат за сите прашања во делот на инфраструктурата кои се од голема важност при работењето на локалната власт.

Претходно ваквите работи биле регулирани преку меѓуопштинска соработка со општина Кавадарци,која според првиот човек на градот ќе продолжи и во наредниот период.

Со самото стапување на функцијата,градежниот инженер веќе врши увид на градежните активности на терен а очекувањата се дека за многу пократко време ќе се најдат одговори на бројни отвоени прашања од оваа област.