МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Лозарите се повеќе одгледуваат десертно грозје со одрина зашто велат дека така добиваат поквалитетни гроздови зрна.

Гроздови тешки и до 5 килограми висат над главите од лозарите во Тиквешко. Во најголемиот лозаровинарски регион во Македонија лозарите се повеќе одгледуваат десертно грозје во лозови насади со одрина зашто велат дека така добиваат поквалитетни гроздови зрна. Тие се задоволни од годинешниот род во лозјата кој го обезбедија со ред во ѓубрењето, добра заштита и наводнување со ситем капка по капка.

-Добиваме гроздови капиталци поради тоа шо одгледуваме некои нови сорти на трпезно грозје кои порано ги немаше на овие простори. Земавме калем гранка од наши пријатели од кавадаречкото село Сопот. Ѓубриво ставаме по шема-ни објаснија од расадникот во неготинското село Тимјаник, земјоделска фирма која покрај со производство на садници, се бави и со производство на трпезно грозје. Тие произведуваат десертно грозје од сортите “страшински”, “ред глобе”, “велика”, “викторија”, “кармен”.

ImageHandler

Некои од новите сорти ги има и во лозовите плантажи на кавадарчанецот Блажо Недевски. И тој како и многумина други лозари изрази задоволство што виновите лози му раѓаат гроздови тешки и до 5 килограми.

Ѓорѓи Ајтов, раководител на подрачната единица на Агенцијата за потикнување на развојот во земјоделството во Неготино, потврдува дека расте интересот на производителите на грозје за формирање на одрина наместо шпалир во нивите.

-Кога имате лозов насад одрина, гроздовите зрна се поквалитетни, се намалуваат трошоците за заштита а таа е поефикасна, има подобро оплодување и подобри квалитет и принос-дециден е Ајтов .Тој открива дека особено е голем интересот за подигнување на нови лозови плантажи со бело десертно грозје “викторија” и црно “мишел палиер”.

-А тоа колку килограми ќе има гроздот, во многу зависи и од самите методи на производство како и од агротехничките мерки кои ќе се преземат во едно лозје-категоричен е тој.