Манифестација e организирана во чест на Ликовниот уметник Ристо Соколов Сокол
На денот на раѓањетo на Соколов- 16 април ,во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, се одржа третото издание на Меморијалната манифестација “Пријателите за Ристо“. Во Галеријата многу пријатели и љубители на уметноста како во ретко која прилика.Убава ,топла атмосфера,која се создава за ретки луге, како за Рики, кој прерано не напушти.
Ова манифестацијата под наслов „Пријателите за Ристо„ е посветена на еден од најголемите кавадаречки и македонски ликовни уметници Ристо Соколов Сокол а е во организација на Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“ Кавадарци.Во организацијата на настанот целосно се вклучени членовите на неформалната група уметници “Сокол Арт“, кои денес кративно функционираат како дел од “Алтер Центар“ и истата е подржана од Министерството за култура на РМ“.
Синоќа ќе беа изложени дела од Ристо Соколов Сокол (платна, дела настанати од перформанси )за прват со уметнички фотографии се претстави Билјана Соколова- Тодоровска, како и фотографија на Јадран Манчев. Настанот беше дополнет со видео/фото презентација на делото и животот на големиот уметник и човек од неговата приватна колекција, како и од колекциите на неговите долгогодишни соработници Тони Коцев, Јадран Манчев, Марјан Тодоровски, Тони Галабов, Билјана Соколова Тодоровска, Александар Малинков, Деан Мелов Астрато, Трајче Јованов а за музичкиот дел задолжени се членовите на рок бендот Bad-Ass-All и трубадурите од составот “Трио Гранде“.Фотографијата на официјалниот плакат за настанот е на Тони Коцев, а дизајнот на истиот е на Билјана Соколова Тодоровска.
За Ристо Соколов -Сокол, говора директорот на Домот на Културата Александар Малинков и неговот долгогодишен пријател Марјан Тодоровски.