МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Невреме го зафати синоќа Кавадарци, интензивно се работи на чистење на улиците од наноси со земја, од страна на екипи на Јавното претпријатие “Комуналец”.

Поројните дождови во вечерните часови, оставија последици низ кавадаречките улици. Неколку екипи на комунални работници со механизација се на терен и вршат чистење и миење на улиците, како и отстранување на наносите од нив. Активностите ќе продолжат се до целосно отстранување на последиците кои невремето ги остави зад себе, велат од Јавното претпријатие “Комуналец”. Оттаму додаваат дека будно се следи состојбата во градот и веднаш се реагира таму каде што е потребно.