МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По повод 12 мај денот на Ротарите- Ротари клубот од Кавадарци ве поканува на Еко акција иницирана од Ротари на Македонија .

Акцијата е насловена „Ракавици,кеса,селекција-сите во Еко акција„ На овој начин сите имаме можност да помогнеме во чистење на нашиот град, а со цел да имаме корисно и убаво исполнет ден..

„Се надеваме дека со ова Еко акција ке испратиме порака до целата заедница како и сите ние треба да се однесуваме кон животната средина„-, велат од Ротари клубот Кавадарци.

Во Кавадарци еко акцијата ке се спроведе во Градскиот парк на 12 мај во 10.30 часот.За сите учесници ке бидат обезбедени заштитни ракавици и вода.

Еко акција од ваков тип ке се одвива паралелно во 13 градови на Македонија: Скопје, Велес, Кочани,Виница, Куманово, Тетово,Неготино, Штип, Прулеп,Кавадарци, Свети Николе, Битола и Охрид.

Оваа акција е во рамки на обележување на глобалниот Rotary Day. Ротари Македонија, како дел од дистриктот 1912 оваа година за прв пат по 23-годишно активно делување во нашата земја, на 12 мај со почеток во 10.30 ќе го одржи првиот Ротари ден.

За овој прв Ротари ден во Македонија ќе се организира акција за собирање и селекција на отпад, која ќе се одвива паралелно во сите градови каде има Ротари клубови. Оваа акција ќе реалзира во партнерство со Пакомак а целта не е само чистење на одредни локации, туку и преку дружење на ротаријанците заедно со сите граѓани и случајни минувачи да се подигне свеста како и перцепцијата за чистата околина и значењето да се има чист град.