МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Јавното претпријатие Koмуналец на просторот зад зградите на Бучеварот„Кочо Рацин“ ќе спроведе систем за полевање, по што ќе следи садење на дрвја и сеење на трева.

Градежната механизација на фирмата „Ја-Ми“ од Кавадарци, општината Кавадарци и ЈП „Комуналец“ интензивно го реализираат проектот за хортикутурно уредување на просторот меѓу зградите зад булеварот „Кочо Рацин“ и индивидуалните станбени објекти на улицата „Орце Николов“.

Се работи за површина од 2000 м2 која што хортикултурно ќе се уреди. Фирмата донатор „Ја-Ми“ на општината и отстапи скипер и 4 камиони со кои просторот најпрвин се расчисти од шут, смет и обрасната вегетација. Потоа беше донесена земја со која се дооформија зелените површини.

Јавното претпријатие на тој простор ќе спроведе систем за полевање, по што ќе следи садење на дрвја и сеење на трева. По завршувањето на акцијата општина Кавадарци на жителите од овој дел на градот ќе им предаде во употреба урбанизиран и култивиран простор за одмор и рекреација.

_DSC0002.JPG_DSC0042.JPG32169878_2149320638625319_5777247281073881088_n.jpg_DSC0061.JPG_DSC0047.JPG