МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Меморандумот предвидува низа поволности за учениците кои се школуваат во кавадаречкото училиште. Со завршувањето- дел од учениците обезбедуваат сигурно вработување

Со меморандумот за соработка СОЗШУ„Ѓорче Петров„ и ЈП„Македонски шуми“–Скопје се обезбедуваат низа поволности за учениците кои се школуваат во кавадаречкото училиште .Една од важните одредби е обезбедување на работа во шумарството .Договорот го потпишаа генералниот директор на ЈП „Македонски шуми„- Зоран Ѓорѓиев и директорот на СОЗШУ„Ѓорче Петров„- Горан Велковски.

Истовремено Меморандумот предвидува заеднички проекти од истражуваки, развоен и научен карактер,соработка во едукативни процеси преку ангажирање на стручни лица од практиката за реализација на учење преку работа, организирање и реализација на практична настава за ученици од ова училиште во зависност од можностите,стипендирање на ученици кои се истакнуваат во школуваето и имаат афинитети кон шумарството и екологијата .Со потпишувањето на договорот се обезбедуваат и различни облици на научна , истражувачка и техничка помош,консултации и експертизи,презентација пред домашни и странски субјекти,организирање на курсеви и обуки од страна на Шумарски факултет, ЈП Македонски шуми и издавање на соодветни сертификати.