МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Од Кабинетот на гардоначалникот Митко Јанчев соопштуваат :Локалната самоуправа изврши замена на старите светилки,поставени се нови канделабри,поставени нови рефлектори...

Шеснаесет нови сијалични места и пет рефлектори се вградија во ревитализираното јавно осветлување на платото пред спомен костурницата во градскиот парк.

Општината во рамките на проектот за редовно одржување целосно ги замени старите светилки на единаест канделабри на партерот околу костурницата како и на петте заеднички столбови кои се носачи на светилки и на рефлектори.

Целосна замена е извршена и на на старите искршени и дотраени амбиентални рефлектори кои ја осветлуваат костурницата. Просторот на платото отсега ќе биде осветлен со ЛЕД светилки и рефлектори од новата генерација, со што спомен костурницата во ноќните ќасови ќе биде достапна за посетителите.

Работите беа дел од обемниот проект на општина Кавадарци за реконструкција на јавното осветлување во паркот, каде специјализирана екипа работи на замена на комплетите светилки, оштетените кабли од нисконапонската мрежа во канделабрите и од подземната инсталација од јавното улично осветлување во градскиот парк.

_DSC0222.JPG_DSC0224.JPG