МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Изложбата посветена на „Килимарството во Тиквешијата„не враќа назад во нашата историја.Тоа датира од 16 век

Денеска пред јавноста во Кавадарци беа претставени 30-сетина различни фолкорни примероци на килими од Македонија кои се дел од постојаната поставка на килими која е во сопственост на Музеј Галеријата-Кавадарци.Килимите биле дел од речиси секоја македонска куќа, изработени од нашите прабаби и баби .Сега тоа речиси никој не го практикува ,заборавено е како дејност.Само музеите зачувале по некој примерок, и се разбира по домовите на наши сограѓани кои не се откажуваат од килимите наследени од претходните семејства.

Килимарството како дејност, мислиме на домашното, кај нас е појавило во 16 и 17 век.Македонија дури бил килимарски центар.

Изложбата ја најави директорката Весна Ѓорѓиева а за килимарството кај нас зборуваше Томе Крстев - кустос историчар во Музеј галеријата.

36227105_474892562946891_2102295768797806592_n.jpg