МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци ги информира сите правни и физички лица иматели на бесправни објекти, кои во 2011 година имаат доставено барање во Локалната самуправа за легализација, дека согласно Законот за постапување со бесправно изградени објеки треба да достават Геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправен објект, најдоцна до 31 декември 2016 година.

На барателите кои нема да достават геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправен објект до 31 декември 2016 година надлежниот орган ќе им го одбие барањето за утврдување на правен статус на бесправен објект.