МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Трајче Кулев, претседател на здружението “Напредни лозари”, тие исто така бара откупувачите на грозје да покажат банкарски гаранции

Лозарите бараат 15 денари за килограм “вранец” и 13 за “смедеревка”.Oвие ,според Здружението на лозари се реалните производствени цени за најзастапените вински сорти кои тие ги пресметале за годинешнава гроздоберска реколта. Како што информираше Трајче Кулев, претседател на здружението “Напредни лозари”, тие исто така бараат откупувачите на грозје да покажат банкарски гаранции за да докажат дека се сериозен партнер за откуп на родот, а плаќањето да го извршат во најкус можен рок.

-Имавме неколку средби со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на оваа тема, кои пак, околу откупот на грозје имаат разговарано и со винарите, кои сеуште тактизираат. Очекуваме заедничка средба со претставници на винарските визби со медијаторство на Министерството, за да преговараме околу годинешните цени на винско грозје, рече Кулев.

Тој изрази надеж дека преговорите ќе бидат успешни и дека конечно, по долги години, ќе се случи толку многу очекуваното зголемување на цените за килограм винско грозје.