МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По повод 50 години од излегувањето збирката поезија„Дениција“ од Петре М.Андреевски Библиотеката „Феткин„ организира несекојневен настан.Беше направено потсетување на книгата „Дениција„ едно од најпопуларните поетски изданија на големиот Петре М.Андрееевски.Поезија читаа советничките во Советот на Општина Кавадарци: Д-р Вилета Димитрова, Душица Крстиќ и Василка Дрварова

Инаку присутните ги поздрави и кратко се осврна на самото издание Весна Гркова-директор на Библиотеката „Феткин“ со осврт на тематиката и популарноста на ова дело на еднинствениот Петре М.Андреевски.Дали во „Дениција„ се зборува за неговата сакана жена или пак за љубовта кон татковината?Прашање кое и денес нема одговор, но во секој случај прекрасна поетска оставштина за нашата македонска поезија.

Петар Гурев од Библиотеката „ФЕткин„ направи анализа на ова познато дело, потсетувајќи на вечната дилема ,која е генијално опеана во „Дениција„ , дали поетот цело време пишува за саканата или за Македонија.Како и да е ова установа направи убава литературна вечер.

„Акустико„ од Кавадарци исполни неколку македонки изворни народни песни.