МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Со изложба на Владимир Темков ке биде отворена манифестација од културата

Се работи за фестивал на уметноста во рамките на културно лето на Призрен .На истиот се стартува со изложбата на познатиот кавадаречки и академски ликовен уметник Владимир Темков, кој на изложбата ке се претстави со 20 слики од последен опус- слики.Нашиот уметник е официјално поканет од организаторот на ова етаблирана косовна манифестација.

Уметноста на Владимир Темков ликовните критичари ја именуваат како апстрактен експресионизам, кој подразбира слобода на авторот во согласност со својот уметнички сензибилитет и ликовна дарба

Темков е исклучително плоден автор, кој на своите платна умешно ги врамува глетките од питомиот кавадаречки пејзаж, житните класја, копите сено, волшебниот свет на птиците и зрелите есенски плодови. Зад себе има реализирано шеесетина самостојни изложби, учествувал во повеќе од 40 групни изложби, учесник е и организатор на многу ликовни колонии во Македонија и во регионот.

Владимир Темков е роден во 1959 година во Кавадарци. Во Скопје завршил Средно уметничко училиште, Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности, каде и магистрирал. Живее и работи во Кавадарци.

Досега имал голем број самостојни и групни изложби. Учествувал на многу меѓународни колонии, во државата и во странство и остварил неколку студиски престои во странство.

33961311_10215158397867237_4352394826973446144_n.jpg

33980119_10215158448268497_6639682164424179712_n.jpg

37276702_10155936563602981_2929608342336700416_n.jpg