МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци воведува иновативни решенија за поголема безбедност во сообраќајот.

Специјализирана фирма за сообраќајни знаци и сигнализација „Виадукт трејд“ од Гостивар постави шест ЛЕД сообраќајни знаци кои известуваат за приближување кон пешачки премин.

Знаците се со стандардна големина какo и флуоресцентните, а се разликуваат само по тоа што триаголникот во кој е вцртана зебрата и симболот на пешак се обележани со лед светилки. Општината постави шест вакви знаци долж улицата „Илинденска“ и тоа на споевите со улиците „Партизанска“, со „Максим Горки“ и „Љубашка“, како и на спојот со улица „Охридска“. За оваа намена општината инвестира 62.000 денари.

Инаку воведувањето на иновативните решенија во регулацијата на сообраќајот низ градските улици ќе биде пракса на општината и во иднина.

DSC_000615.jpgDSC_000313.jpgDSC_00157.jpg