МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Денот на македонската револуционерна борба 23 Октомври е празнување на идејата за самостојна и независна Република Македонија. Овој ден е симбол на непокор, патриотизам и правда.

Овој ден е паметник за шестеминa македонски патриоти кои се здружија со визијата за слободна Македонија.

Вечно ќе ги славиме и ќе се сеќаваме на хероите, Хаџи-Николов, Поп-Арсов, Груев, Татарчев, Димитров и Батанџиев.

Тие го поставија стожерот за освестување на македонскиот народ, дека борбата што ја води треба да биде само негова, а не да гине во туѓи војски за туѓи интереси на сопствената зeмја.

Нивниот пат, го продолжија илинденците и асномците остваруваjќи го вековниот стремеж за сопствена, суверена и демократска држава.

Денеска кога сме свои на парче од своето, треба да бидеме мудри и да опстоиме на принципите на македонската револуционерна борба, а воедно и храбри во делата и одлуките во нашата мисија за создавање на просперитетна и европска Македонија.

Нека ни е вечен Денот на македонската револуционерна борба!

Да живее Република Македонија!“