МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Најголемата и најмодерна визба кај нас ВВ Тиквеш, стартува со откупот на висококвалитетните сорти грозје.Цените поголеми од лани(за темјаниката за 38 насто) а плаќањето е за три дена.

Фактот што од ланските 17 ке се планира откуп на 30 милиони килограми зборува дека на бербата ке се посвети исклучителнo внимание. Денеска тоа и ние го почувствувавме .Млад тим на раководители и енолози , луге кои си го знаат својот занает го набљудуваa и организираа откупот кој статрува вчера.

Во Тиквешијата, конктретно во Неготино, Марена и Курија-па и на други локации забележани се развој на болести поради колемата количина на дожд кој падна овде.Дождот влијае на пукање на зрната-и појава на таканаречено сиво гниење.Оваа е инаку тешка година за лозарството. Но и покрај тоа ВВТиквеш знаел токму од вакви години да извлечеме максимум и да произведе добро вино, вели Марко Стојаковиќ-главен Енолог во ВВ Тиквеш

Забележани се болести кај најзастапената црна сорта Вранецот, каде е евидентирана пламеницата .

Во Визбата се финишира и веќе во функција се сегмените од новиот капацитет кој е служи за засилување на дневниот откуп на грозје.Во функција на старот на годинашниов поткуп е нова опрема за која се вложени 1,2 милини евра.Опремата ке ни помогне да го подигнеме квалтетот, вели Звонко Трајков-директор на производство во ВВ Тиквеш.

Цените на грозјето, на старот на откупот се: Шардоне , Рајнски Ризлинг и Италијански Ризлинг и Бел Совињон -19 денари општа берба, и 22 денари во гајба.Плаќање за 3 дена.

Темјаниката и Траминац 25 денари а во гајби 28 денари.Од Темјаниката генерално има недостаток во Македонија.Лозарите ова трeба да го имаат во обзир кога ке размислуваат да садат нови лозја.Исто така и овие количини се плаќаст за три дена .Лани Темјаниката била 18 денари, а Ризлингот бил 15,5 денари, а Шардонето 16 денари.Темјаниката за разлика од лани е зголемена за 38 насто.

ВВ„Тиквеш“ има сериозен план и количини.Годинава сакаме да откупиме околу 30 милини килограми грозје.Лани откупивме околу 15 милиони килограми.Тиквеш потребите од грозје не ги затвара, лозарите можат дасе јавуваат за сите овие сорти што ги рековме, вели Марко Стојаковиќ и додава:

-Значи правиме договор со лозарите, потоа нашите агроними ке ги проверат лозјата, земаат мостри, а од лозарот пак доставува имотен лист ,траксакциона сметка и лична карта.

Значи во таква констелација на откупна политика - ВВ Тиквеш дава бонус за берење во гајба, а каде има редукции за смалување на приносите на грозје од одредена сорта,даваме 40 насто повеке од основната цена, што го зголемува конечниот износ .Повеќе од поволно за лозарите кои имаат или допрва ке склучат договори со Тиквеш.

-За добар тим и добра технилогија ке нема проблем. Годинава ке имаме повеке свежи и овошни вина,без многу шеќери, ке бидат питки, што е тренд во светот.Тиквеш секогаш ги следи светските трендови- вели главниот Енолог во Тиквеш.

20180809_094515.jpg