За прв пат оваа година под покровителство на бизнис секторот а во организација на Општина Кавадарци ќе се случи КАВАДАРЦИ СТРИТ ФЕСТИВАЛ.Специјални гости на Кавадарци стрит фестивал , на последниот ден од стрит баскетот се најавени :Претседателот на КФМ Перо Антиќ и спортскиот директор Тодор Гечевски.

Фестивалот ке се одржува цела недела а кошаркаските нетпревари на 8, 9 , 10 јули на Градскиот плоштад. На турнирот предвидено е да учествуваат 12 машки екипи со 3+1 играч.За учество на турнирот потребно е да се уплати партиципација од 1500 денари од екипа. Средствата од партиципацијата ќе бидат награда за најдобрите. 8000 ден. за освоено прво место, 6000 ден. за освоено второ место и 4000 ден. за освоено трето место.

Лице за контакт-Боро Ѓорѓиев-078 482 371.

Специјални гости на Кавадарци Стрит фестивал , на последниот ден баскетот натпреварите се најавени Претседателот на КФМ Перо Антиќ и спортскиот директор Тодор Гечевски.

По завршувањето на кошаркарските натпревари следуваат денови посветени, на културата , забавата ,играта и музиката.

Главни организатори и покровители на овие денови се Општина Кавадарци , Кожувчнка и Витаминка.