МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„ВРАНЕЦ“ НА „СКОВИН“-ПРОГЛАСЕН ЗА ЛАУРЕАТ ВО КАВАДАРЦИ

Лауреатот-Златна за виното „Вранец„ на Тиквешкиот гроздобер го освои Винаријата „Сковин“ од Скопје.Ова е највисокото признание годинава кое го додели Комисијата за оценка на квалитетот на вината застапени од страна на винариите.Од црвените вина златна награда од сорта „Вранец„ освои Винаријата „Стефанс“ од Кавадарци а златна награда од сортата„Каберне„ –за Винаријата „Антигона“ од Неготино.

Златна награда од сортата „Темјаника„ на Тиквешкиот Гроздобер освои Винаријата на ОСУ„Ѓорче Петров“, Златна награда -сорта „Шардоне“ од за Винарија-„Стефанс“ додека Главна Златна награда за вино розе-исто така за Винарија „Стефанс“ од Кавадарци.

Од белите вина според комисијата составена од професорот Коцо Попов од СОУ„ЃорчеПетров“ и енофили од Здружение „Винотек“ Главна- златна награда за вино „шардоне“ доби Винаријата на АД„Гоце Делчев-Тиквеш„- која ја доби и златната нагарда за сорта „траминец“, додека златна награда доби виното „шардоне“ на „Антигона„-Неготино.Во категоријата бели вина ова винарија доби сребрена награда за сортата „Р,кацители“.