МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СОЗШУ„Ѓорче Петров„ во Кавадарци добива ново руво. За само дваипол месеци направена трансформација на дворот, дел од внатрешните простории,поставена нова ограда и извршени интервенции кои не биле допрени 30-сетина години.

Горан Велковски -директор на СОЗШУ„Ѓорче Петров„ нема ниту полни три месеци од назначувањето на ова одговорно место, постогна завидни резултат.За да не биде декларативно и популистички, екипа на РТК.МК дојде и на лице место се увери во она што е сторено досега.Уште на самиот влез направена е градежна хотикултурна интервенција со уредување на платото, од левата и десната страна со соодветно озеленување на просторот,по што извршена е промена со вградување на камена подлога на дел од зиднот на дворот каде се поставени нови клупи за седење кои се специфични за ова училиште.Голем дел од работите се извршени со ангажирање на градежни фирми, со плаќање на вредност на работите од околу 400 илјади денари.Во еден дел од работите вклучено е и самото училиште со ангажирање на наставници и учениците за практично знаење од областите кои во конкретниот случај се барала стручност.Истовремено наместо да се плати искористена е стручноста на наставниот кадар да се изврши обработка на дрво за седење во дворот, со што исто така се заштетедени средства. Истовремено, на две страни од влезниот дел на училиштето извршена е замена на металната ограда која повеќе од 30 години не е обновена или поправена.Исто така целосно е извршено дезинфицирање и молирање на сите простории на ова училиште за несметан старт на новата учебна година.

Повеке од се, позитивно ја примивме веста за подобрените меѓучовечки односи кои во изминатите години беа нарушени.Сега и атмосферата за настава е подигната за степен повисоко.

Имаме најава од нашиот соговорник, директорот Горан Велковски , за целосна реконструкција на санитарниот јазол во училиштето, нешто што е од поодамна согледана поотреба а сега, веројатно е последен момент тоа да се направи, што Велковски се надева до нова година ке биде завршено.

Исто така во периодот што престои планирано е поставување на термо излолациона еколошка фасада но и нов покрив на училишната зграда за трајна заштита на објектот. Во ова смисла заслужуваат плановите за хортикултурно уредување на влезниот дел кај старата влезна порта , како и зафаќање со проект кој е тесно поврзан со наставата. Имено по решавањето на проблемите кои ги имаат од западната страна на дворот на ова училиште со припадниците на ромското население кои го уништува зидот и фрла ѓубре во дворот на училиштето,планирано е поставување и засадување на земјоделски култури со нагледна основа како дел од наставата на учениците .Нешто што би било повеќегодишна парцела,за птребите на разни струки,а пред се земјоделските.

Најбитно е што за разлика од лани интересот за учење во ова училиште е зголемен за околу 150 насто.Доминира интересот за новата медицинска струка, но и другите не заостануваат.

39628800_2059968844033607_2125532684330467328_n.jpg

39880783_224153101777093_686607735524950016_n.jpg