МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

JП Комуналец за време на одвивањето на манифестацијата „Тиквешки Гроздобер-2018„ ангажира 24 часовно пристсуство на нејзини вработени за интервентно остранување на ѓубре и друг отпад на сите места, посебно фрекфеннтните односно централните–таму каде се одвиваа гроздоберските случувања:

„Центарот на градот со Градскиот плоштад Малото паркче-спроти полицијата и целиот урбан простор на Кавадрци беше опфатен во вонредна активност на ЈП„Комуналец„. Исто така мобилно беше и на сите влезни делови на Кавадарци од Неготино, Прилеп и Росоман од каде пристигнаа гостите на Гроздоберот.Фактички Комунална хигиена и зеленило беа во мобилна состојба со сите сектори на комунална хигиена„-ни изјави директорот на ЈП„ Комуналец Ѓорги Поп Ицов .

Комуналец навистина беше на висина на задачата.Тоа мислење го дела и граѓаните.

-На секој половина час беа празнети кантите за смет, а контејнерите 3 пати дневно.Редовно се вршеше пометувањето на сите јавни површини и улици во центалното градско подрачје и таму каде организароторот предвиде фрекфенција на луге и возила.“ додаде директорот на ова Јавно претријатие.

Генерално пометување и чистење на Градскиот плоштад и Малиот парк се случуваше секој ден , на 7,8 и 9 септември. Тоа значи на исто место за време од три дена беа ангажирани вработени и механизација со цел цел јавна хигиена да биде на потребното ниво .За време на Гроздоберот општетени или уништени се околу 1.000 летни цвеќиња, оштетена комунална опрема и клупи, столбчиња кои овие неколку дена ке бидат заменти или поправени.

На места, особено на Плоштадот со расмонтирањето на последниот дел од централната бина ке се пристапи кон финално миење на дамките од вино а потоа и перење на Градскиот плоштад, со што истиот ке биде доведен во првобитната состојба.

Дневно се чистеа и депонирани по 50 м3 отпат а на крајот,последниот ден околу 150 м3 отпад.ЈП„Комуналец“ беше целосно префесионало посветен на работата, затоа и градот ни беше чист.Така и треба.