МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска на очиглед на граѓаните кои поминуваа во центарот, се одвиваа работите на демонтажа на вградените гранитни плочи на Амфитеатарот на Градскиот плоштад.

Ова содржина никогаш не успеа да си го најде своето вистинско место, иако на неколку пати беше искористена за поетски читање ,палење на коледарски оган и сл.

Овој дел влезе во рамките на проектот за градежно-хортикултурни интервенции на Градскиот плоштад, што веројатно по обавувањето на сите законски процедури ке започне да се одвива.

Засега неофицијално дознаваме дека за да се искористат за практични намени ке бидат извадени сите гранитни плочи, а потоа овој дел ке биде прекриен со земја, за потоа да следува хортикултурно уредување.

Попатно новинарски бележиме,позитивни реакии од граѓаните за овој потег на новата локална власт .