МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Градскиот плоштдат досега има доживеано неколку измени.Во тек е една од повеќето.На фотосот е прикажан овој централен дел на Кавадарци 1958 година кога речиси целиот живот на градот се одвивал на овој мал простор.

Занаетчиските дуќани “Никола Тесла“ и “Бошава“, трафиката за цигари, куќата на Игно Илиев-Оравечки-најбогатиот трговец во Кавадарци во која се наоѓаше берберскиот дуќан на Цандо Сеизов-Шестакот, а под него е Градскиот пазар и зградата на Собранието на општина Кавадарци со Споменикот на слободата и револуцијата. Фотографијата е од 1958 година.