МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 24 септември во Домот на културата ,,Иван Мазов Климе`` во Кавадарци беше организиран настан од учесниците во ПХВ циклусот 2018 година и Клубот на млади на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Кавадарци „Најнапред беа поздравени сите присутни на настанот, беа споделени три приказни од тројца претставници од нашата општина кои зад себе оставиле хумани дела (организирање на добротворни организации за лица со ретки заболувања и лични донации, помош и подршка на болни лица, лица од ромска националност и лица со посебни потреби, бесплатна поправка и донирање на околу 60 компјутери за време од три години на семејства кои имаат потреба од социјална подршка) и се позитивни примери во нашата заедница. Сите тројца беа интерсни и духовити за присутните во салата за што заслужено добија огромен аплауз.Потоа беа презентирани овогодинешните сработени 8 ПХВ проекти, беа пофалени хероите од нашиот град, беше проследена театарската претстава ,,Ромео и Јулија`` во која учесници се дел од ПХВ младинците и на крај беа доделени ПХВ благодарниците на сите младинци кои учествуваа во изработката и подршката на ПХВ проектите.Самиот настан предизвика интерес за хуманоста и солидарноста кај присутните, поготово кај младите, така што во наредните неколку дена по овој настан, пројавија интерес за зачленување во Општинската организација Кавадарци околу 30 младинци.

-Општинска оргнизацација на Црвен крст Кавадарци