МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарци е еден од ретките градови каде во најголем дел е променета градската водоводна мрежа.Азбестно-цементните цефки, се заменуваат со еколошки цефки чии век е повекедецениски.

Но старите линии и понатаму прават проблеми во тековното снабдување со вода.Пукаат лесно и тешко се санираат,и покрај сите напори за брза интервенција. Денеска на улицата „Киро Крстев“ се слеваше голема количина вода .Пo нашата реакција од ЈП„Комуналец„ одговорија дека во прашање е дефект на стара мрежа на водоводниот систем на цефка Ф-100,од со азбесно-цементен состав, која во текот на денот ке биде санирана и граѓаните ке добијат нормално водоснабдување.

Делот oд мрежите на водоводната мрежа сеуште остана во функција, и тенденција на ЈП„Комуналец„ и Локалната самоуправа е што поскоро да се заврши целосната замена на азбестно-цементните линии во градот.Во изјава за rtk.mк , директорот Илија Атанасовски најави инвестирање во промена на старите со целосна замена со нови водоводни линии,како и фекалните и атмосверските мрежи со нови, таму каде ги има.Конкретен е примерот со вложувањата на нови 30 милиони денари сопствени средства за замена на водоводната фекалната и атмосферска линија на потегот Градски базен- Коњски-дупки.

Оттаму оправданоста од сигурно а пред се здраво снабдување со вода на сите жители на Општината е императив од кој нема се отстапува, и ке се вложуваат потребните средства и во наредниот период.