Во ООУ “Гоце Делчев“ во изминатиот период беа реализирани неколку проекти. Монтажа и изведба на хидраулична вертикална платформа за превоз на лица со хендикеп,реконструкција на Санитарен јазол за ученици во втората зграда-( каде што се наоѓаат кабинети по ОТП, ликовно и канцеларија на дефектолог) и реконструкција на тоалетите на наставниците во спортската сала.