МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Обичаите на коледарските огнови,пеењето еротски песни, јадењето мрсна храна, и алкохол,Црквата обичаи ги смета за пагански...

Утре е Коледе, денот кога во сите краишта во Македонија се палат огнови во спомен на раѓањето на Христос.

Но наместо побожни песни, во Кавадаречко со векови наназад покрај коледарските огнови се пееле песни со еротска содржина, што се смета за пагански обичај.Така било од дедо прадедо, татко, и сега наследуваат нивните синови.Да потсетиме на дел од содржините на песните:-„ Дедо цепе бурина, си пресече...и така натаму, или `Матен Вардар`...

Овие песни се карактеристични за Кавадарци, Неготинци подруги песни пееја, а не со таква содржина. ПОтсетуваме и дека во шеесетите години од минатиот век полицијата го забранувала пеењето на овие песни на јавни места.

Денес коледарските песни со непристојна содржина никој не ги забранува, но црквата смета дека тоа е непочитување на Бога.

Од храмот Свети Димитрија и црквата „Света Петка-Параскева„-Кавадарци велат:„Сега е период на прослава на Бадник а ден потоа и на Божиќ-Христовото раѓање .Секој може да го прославува празникот како сака, но тоа што не е христјанско не го оправдуваме.Ова се однесува на пиењето алкохол,јадењето мрсна храна во време на најголеми пости, пеењето еротски песни,кражбата на дрва за палење огнови и слични пагански обичаи. Тоа е нешто толку лошо да го слуша човек и од еден многу прекрасен празник се прави една хаотична состојба„.

Една од најпеаните песни што и сега се пеат се вика: „Коледе леде“ и ја среќаваме и во запис на Г. Бојаџиев, обjaвена во 1893:Ова песна се смета за (коледарка - универзална) за цела Македонија.Коледе, леде! паднало греде, утепало деде. Дедо се мачи, баба го квачи, со четири јајца гускини, паткини! О. О. коледе!

Последните години Црквата прави практично чекори младите генерации да ги просветли според христијанските црковни правила и обичаи и веројатрно за неколку децении ке има успех.Засега и поанатму се задржува паганството меѓу речиси три генерации граѓани кои истовремено „празнуваат„.

Доказ дека нешто се менува, под партоснтво наМПС-ОА е формирањето на Бадниковата поворка и песните кои се пеат притоа.15-тина дена децаод Кавадарци имаа проби за подоброучењ еи пеењена песните а бадник и Божиќ.Така утре (сабота)- Бадник во 10 часот поворката со многу деца тргнува од Храмот„Света Петка„ до центарот на градот при што ке помине по сите централни улици.Убава прилика да ги поздравиме нашите бадникарчиња кои ја носат веста за раѓањето на спасителот

И да се вратиме на поводот да го напиеше текстот.Традицијата , па макар таа била и паганска некогаш има свои вредности и споменување.Кај нас сме сменувале повеќе уредувања во општеството за само 100-тина години.Понекогаш народот се однесувал по сопствени убедувања токму поради честите промени на упоравувањето ?!Но сега ако треба нешто да менуваме, или ако е грешно славиме тоа можеме да го исправиме.За се треба арументи и време. Аааа , тоа времето,се помалку го има !