МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Сите услуги на кабловскиот оператор Инел Интернационал на подрачјето на Општина Кавадарци, и другите општини ,освен Демир Капија и покрај можните проблеми од снегот, работат беспрекорно.Попладнево по воспоставувањето со електрична енергија во фукција се и услугите на кабловскиот оператор и во Демир Капија.Главните доводни линии и мрежи фукционираат а поголеми проблеми нема ниту кон крајните корисници.На повици на граѓаните одредени прекини се решаваат интервентно.Од Инел дознаваме дека, како што тоа е вообичаено,за време на викендот дежурните екипи ќе бидат подготвени да интервенираат насекаде каде кабловскиот сообраќај ќе бидат во прекин.Засега нормално фукционираат главните водови кон Росоман, односно Неготино и Демир Капија.