МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА И МЕДИУМИТЕ

Поради интерес на пошироката јавност, Ве известуваме дека врз основа на поднесените Предлози за издавање на казнен налог од страна на ОЈО Кавадарци, а во врска со непочитување и непостапување по писмена наредба на Министерството за здравство на РСМ со која се определуваат мерки за сузбивање и спречување на епидемија од глобални размери – корона вирус COVID-19, за кривично дело Непостапување по здравствени прописи за време на епидемија од чл.206 ст.1 од КЗ, Основниот суд Кавадарци денес на 19.03.2020 година, ги прифати предлозите за издавање на казнен налог на ОЈО Кавадарци и донесе седум пресуди со кои обвинетите лица се огласени за виновни. На сите седум лица им е изречена парична казна глоба во висина од 50 дневни глоби по 40 евра за еден ден глоба, или вкупно 2.000 евра, или во денарска противвредност во износ од 123.000 денари секому. Во Пресудата е наведено дека ако обвинетиот не ја плати паричната казна во определениот рок или ако паричната казна неможе да се изврши ниту присилно, судот ќе ја изврши паричната казна така што за секој ден глоба ќе му определи по еден ден затвор.Пресудите се осудителни од причина што судот утврди дека обвинетите не се придржувале на изречените мерки од писмената наредба бр.17-2481/1 од 16.03.2020 година на МЗ на РСМ и на изјавата за самоизолација која ја потпишале при влез во нашата земја. Истите, враќајќи се од високо или средно ризични земји, во периодот за самоизлоација од 14 дена, при извршена контрола од страна на униформирани полициски службеници од ОВР Кавадарци на ден 17.03.2020 година, не се затекнати во нивните домови што е дело казниво по чл.206 ст.1 од КЗ.„- се наведува во известувањето до јавноста.