МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На првиот ден од месец март традиционално на раката се става мартинка. Мартинката направена од засукани бели и црвени конци се носи за среќа низ целата година.

Денес во посета на Општина Кавадарци беа дечињата од детската градинка од објектот Буба Мара. Тие се сретнаа со Градоначалникот г-дин Митко Јанчев и му подарија мартинка за среќа. Детската радост ни дава енергија и мотив да работиме токму за нив, за најмалите.

На примемот на децата со најмладите беше и претседателот на Советот на Општината Ристо Сакалиев.

52956297_2367163986840982_6298011284029833216_n.jpg

52964761_2367163873507660_8501202410205609984_n.jpg