МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци преку проектот Мој Општинар а во соработка со Јавното Претпријатие Комуналец деновиве интензивно работи на подигање на нови зелени површини, очистување на неколку локации и посадување на нови дрва и обновување на дрворедите во градот.

Локации на кои во моментот се подигаат нови зелени површини се населба Бел Камен, локација Ѓуро Салај – Западен Булевар, локација Игман, триаголникот кај Макпетрол и ВВ Тиквеш, локација Калница-Ќиро Крстев и Методија Џунов Џико и Околу Градскиот стадион односно улица Дисанска.

Деновиве беа завршени “триаголниците„ на Пано Мударов и Тиквешко Востание,и потпорниот зид на улица Страшо Пинџур спроти зградите Силекс.

Дел од локациите веќе се спремни за поставување на систем за наводнување а останатите се во фаза на очистување од диви депонии и припрема за озеленување, набавка на урбана опрема и партерно уредување.

Локации на кои се садат нови садници се Булевар Кочо Рацин на паркингот , Улица Страшо Пинџур кај Ваташката Пошта и улица Методија Џунов Џико. Дрворед кој се обновува во моментот е дрворедот на Улица Гоце Делчев.За оваа намена ЈП Комуналец има набавено околу 200 садници и истите ќе бидат посадени до крајот на овој месец.

54423276_2376135015943879_223428493705216_n.jpg

53882746_2376135065943874_2988261021321265152_n.jpg